Кавадарчанец, за не почитување на самоизолација, доби кривична пријава и сместување во државен карантин
Објавено на 10 август, 2020 во 09:26
10.08.2020
Во саботата, на 08 август, во 17.00 часот полицијата го идентификувала С.А (53) од Кавадарци на улица наместо во неговиот дом и покрај издаденото Решение за самоизолација од ДСЗИ Велес.
Кавадарчанецот имал Решение за самоизолација со времетраење од 01.08.2020 до 14.08.2020 година.
Бидејќи тој не се придржувал по решението , со што сторил кривично дело по чл.206 од Кривичниот Закон на РСМ, полицијата против С.А поднела кривична пријава и нему му е одреден 14-дневен карантин во хотел определен од Владата на РСМ./У.Ј