Загина работник во селото Марена
Објавено на 21 јули, 2020 во 10:44
Работник на возраст од 35 години го загуби животот во селото Марена, потврдија од МВР.
Тој извршувал работни обврски со камион кипер и закачил 110 киловолтен далековод за струја. Загинал на самото место. Екипатата на итната медицинска помош пристигнала веднаш по пријавата. Биле направени обиди за реанимација, но лицето било починато.
Во моментот се врши увид на местото на несреќата./А.Д