Четири нови случаи на корона вирус во Тиквешијата
Објавено на 21 јули, 2020 во 07:07
Четворица нови позитивни на ковид 19 се регистрирани во Тиквешијата, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Во Кавадарци позитивни се момче на 19 годишна возраст кое е на домашно лекување, 52 годишна жена и маж на 53 годишна возраст кој е хоспитализиран на инфективно одделение во велешката болница. Во Неготино позитивна на вирусот е жена на 39 годишна возраст“ информира д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Се работи на утврдување на контактите кои ги имале ново дијагностицираните./А.Д