Двајца млади нови заразени кавадарчани со КОВИД-19
Објавено на 17 јули, 2020 во 07:30
17.07.2020
Епидемиологот Ристе Јовановски, на Центар за јавно здравје Кавадарци утрово соопшти дека уште двајца млади кавадарчани се позитивни на КОВИД-19.
-Станува збор за мажи на возраст од 26 и 34 години, кои веќе се во изолација, со направена епидемиолошка анкета во која соопштија дека имале контакти со претходно заразени лица со коронавирус. Тие имаат лесна клиничка слика, рече д-р Јовановски.
Двајцата новозаболени се на домашно лекување. Центар за јавно здравје Кавадарци сега работи на утврдување на контактите што тие ги имале со останати граѓани./А.Д