Над 30 отсто излезност на гласачките места во Тиквешијата
Објавено на 15 јули, 2020 во 11:48
10.340 граѓани или 32,04% од вкупниот број избирачи гласале до 13 часот во Кавадарци. Гласањето се одвива без проблеми.
Од МВР информираа дека во селото Сирково биле испишани графити за одредена политичка партија.
Во Неготино до 13 часот гласале 33,42% од вкупниот број запишани избирачи.
23,2% од вкупниот број избирачи го искористиле правото на глас во Росоман, додека во Демир Капија до 13 часот одзивот е 31,54%./ А.Д