Нови случаи на коронавирус во Кавадарци: Позитивни докторка и медицинска сестра
Објавено на 20 јуни, 2020 во 08:55
(20.06.2020) Продолжува да се шири корона вирусот во Кавадарци. Регистрирани се уште два нови случаи.
Станува збор за доктрока на 55 годишна возраст, вработена во кавадаречката болница, сопруга на докторот кој вчера беше дијагностициран како позитивен и медицинска сестра на возраст од 58 години, исто така од болницата.
„Докторката е без симптоми, додека медицинската сестра има средна клиничка слика и е хоспитализирана на инфективното одделение во болницата во Велес“ вели епидемиологот од ЦЈЗ Кавадарци, д-р Ристе Јовановски.
Во моментов активни се 4 случаи на корона вирус во Кавадарци кај медицински лица, двајца доктори и две медицински сестри./А.Д