Падна дете од тераса во Кавадарци и се здоби со тешки повреди
Објавено на 2 јуни, 2020 во 15:25
2.06.2020
Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци по што бил пренесен на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Несреќата била пријавена во 14 часот во Полициската станица Кавадарци. Според пријавата, незгодата се случила на улицата Браќа Џунови.
Детето паднало од терасата на куќата во која живее. Поради повредите, било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје./A.Д