Кавадарчанец заработи кривична пријава за лихварство
Објавено на 27 мај, 2020 во 13:38
27.05.2020
Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе Кривична пријава против М.Ф.(65) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по чл.260 од Кривичниот законик на РСМ.
Пријавениот на 25 јануари, годинава, на лицето Х.С.(44) од Кавадарци му дал пари на заем со цел да се стекне со несразмерна имотна корист. За 30.000 денари му барал камата од 12.000 денари месечно и досега наплатил околу 20.000 денари.
Осомничениот за лихварство М.Ф на 22 мај исто така од Х.С барал уште 16.000 денари за што тој го пријавил во полициската станица во Кавадарци./У.Ј