Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn
98184759 2735268503363860 998551450751598592 nКавадарчани и ваташани ќе имаат можност наскоро да пешачат неколку километри или да возат велосипед по новата патека која ја гради општината од Ваташа до Моклиште.
 

Интензивирани се градежните активности, инфомрираат од локалната самоуправа и додаваат дека  ангажираната оператива поставува дел од нисконапонскиот кабел за јавното улично осветлување. Според проектот долж патеката лоцирана непосредно до двата брега од реката Луда Мара. Патеката ќе биде осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри.

 
 „ Рекреативната патека ќе биде со широчина од 4 метри покриена со бехатон коцки. Ќе се изградат и 4 метални мостови, а долж трасата ќе се постават и камери за видео надзор“ велат од општината.
 
 
Согласно проектот ќе се изградат и 5 попатни станици-одморалишта на локации кои ќе бидат урбанизирани и оплеменети со урбана опрема, како и табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди.
Инвеститори на овој капитале проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново