Нов случај на Ковид 19 во Кавадарци
23.04.2020
Во Кавадарци синоќа е регистриран петиот случај на позитивен од Ковид 19. Информацијата ја потврдија од ЈЗУ Општа болница Кавадарци и Центарот за јавно здравје.
Станува збор за доктор од центарот за јавно здравје кој бил без никакви симптоми на болеста, а веднаш по добиениот резултат бил контактиран инфектологот од кавадаречката болница.
„Утврдено е дека пациентот во овој момент нема никакви симптоми на болеста и се чувствува добро. Поради тоа, кај истиот е даден совет за домашно лекување во траење од 14 дена , со назнака да биде во секојдневен контакт со матичниот лекар и за било каква промена да се консултира инфектолог. Во ЦЈЗ Кавадарци извршена е епидемиолошка анкета за лицето, контактите се веќе утврдени и истите по протокол се упатени во домашна самоизолација, во траење од 14 дена. Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека пристигнаа резултатите од земените брисеви на контактите од претходниот позитивен случај и истите се негативни“ информира директорот на болницата д-р Диме Коцев./А.Д