Обвинителството од Кавадарци бара казни за непочитување на полициски час за шест неготинци
Објавено на 16 април, 2020 во 13:46
16.04.2020
Основното јавно обвинителство Кавадарци побара парични казни во висина до 40 дневни глоби, секоја од нив во износ од 20 евра во денарска потиввредност, за шест лица, жители на Неготино.
Тие во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле низ Неготино.
Овие кривични дела се во постапка пред Основниот суд Кавадарци кој одлучува дали ќе ги прифати како основани или ќе ги отфрли како неосновани./У.Ј