Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

jancev1Почнува со работа градскиот зелен пазар под строго контролирани услови. Се забранува издавање на викендици на граѓани од други градови. Дезинфекцијата на стамбените згради, институции и аеро дезинфекцијата продолжува и во наредниот период. Ова се дел од мерките и препораките на општинскиот кризен штаб за кои денеска на прес конференција информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Сопствениците на имот на територија на општина  Кавадарци, градски, приградски и викенд населби,  немаат право во овој период да го издаваат под закуп на лица надвор од Кавадарци.

„Немаме сознанија дека има издавање, но делуваме превентивно. Добро е да ги носиме мерките превентивно пред да се случи нешто.  Се со цел да бидат минимални контактите на кавадарчани со граѓани од други општини. Кавадарци можеше да биде ризично подрачје но благодарение на почитувањето на мерките и сите преземени активности се оттргнавме од тој ризик. Тиквешко езеро има околу 1000  викендици. Доколку почнеме да ги издаваме на луѓе надвор од Кавадарци потенцијално можеме да донесеме друга ситуација“ вели Јанчев.

Градоначалникот информираше дека кризниот штаб донел одлука да отпочне повторно со работа градскиот зелен пазар, во стандардните пазарни денови,  но под строго контролирани услови. Ќе се продава само прехранбени производи, а по завршување на пазарот во 14 часот ЈП Комуналец ќе врши целосна дезинфекција на пазарот. Ќе се продолжи и со дезинфекција на колективните станбени згради и јавни институции,  секојдневно ќе се дезинфицираат дворовите на Општа болница и Здравствен дом, а во викенд ќе се врши аеро дезинфекција.

„Кавадарци има два државни карантини. Еден во Михајлово , каде има околу 40 лица,  а од вчера и хотелот Уни палас 2 е државен карантин. Таму се сместени 60 тина лица. Во Михајлово сега за сега нема никакви проблеми. Сите тестови кои се направени се негативни,  но мора да поминат тие 14 дена на изолација“ вели Јанчев и упати благодарност до кавадарчани што максимално ги почитуваат сите безбедносни и превентивн и мерки како од владата, така и од општинскиот кризен штаб./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново