Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

OJO kavadarci fin

02.04.2020
Полициската станица во Неготино до Основното јавно обвинитeлство Кавадарци достави кривични пријави за 22 лица, од кои 20 полнолетни и две деца, кои што во временскиот период од 25 – 29 март го прекршиле полицискиот час.

Двајца од нив патувале со возило во Неготино и околината. Другите се движеле пеш во градот Неготино и селата Корешница и Тремник.

Основното јавно обвинителство Кавадарци за полнолетните лица поднесе предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на надлежниот суд му предложи за секое од лицата да изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.
За двете деца ќе се води постапка пред Основниот суд Кавадарци, како стварно надлежен суд за постапување во предмети против деца./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново