Се затвора пазарот во Кавадарци
Се затвора градскиот зелен пазар во Кавадарци за период од 14 дена, одлучи денеска Кризниот штаб на општина Кавадарци. На седницата беа донесени заклучоци и веднаш се започна со дезинфекција на сите влезови во колективните згради, а се продолжи и со дезинфекција на сите возила кои влегуваат во Кавадарци.
Градоначалникот, Митко Јанчев апелираше повторно до граѓаните, да бидат одговорни и да останат во своите домови, како нај ефикасна мерка да се намали ширењето на грипот.
„ Се задолжуваат „Мој општинар“ и службите од Општина Кавадарци, во текот на денешниот и утрешниот ден да извршат дезинфекција на заедничките површини во колективните станбени згради (влезови, скаличен простор и лифтови) кои имаат повеке од 8 станбени единици. Такси компаниите на кои што им е издадена лиценца за вршење на такси превоз од Општина Кавадарци, се задолжуваат да продолжат со работа со минумум 50% од капацитетот за кои што имаат добиено лиценца, дневно да вршат дезинфекција на колите, а патниците – корисници на превозот задолжително да носат средства за самозаштита. Се задолжуваат превозниците од Општинскиот линиски превоз, да продолжат со вршење на редовните линии , со редуцирање на бројот на патници согласно препораките така што да има оддалеченост од најмалку 1 метар помеѓу патниците“ ги пренесе Јанчев заклучоците од денешниот состанок на кризниот штаб. Тој најави дека од денеска во Кавадарци ќе има зголемено присуство на специјалната полиција со цел да се намали неодговорното излегување на граѓаните. /А.Д