Пронајдена мртва кавадарчанката по која се трагаше
М.Д (73) од кавадаречкото село Глишиќ е пронајдена мртва. Во полицијата вчера било пријавено дека околу 17.00 часот, на место викано „Љубаш“, во лозов насад, пронајдена е почината М.Д, претходно пријавена како исчезната.
„Лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција во Институт за судска медицина –Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Најблиските од семјеството трагаа по неа од 9 март.
На денот на исчезнувањето Маре била заедно со својата ќерка во банка во градот. Додека ќерката потпишувала документи во просториите на банката, таа излегла надвор и заминала во непознат правец. Семејството потврди дека Маре имала здравствени проблеми, односно не помнела ништо./A.Д