Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sudkv fin

Основниот суд Кавадарци го прифати казнениот налог на Јавното обвинителство Кавадарци и го огласи за виновно лицето од селото Дебреште, Општина Росоман, обвинето дека сторило кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик, потврди за Дума.мк, претседателот на Основен суд Кавадарци Лазар Нанев.

Обвинетиот е казнет со 50 дневни глоби, еднодневната изнесува 50 евра поточно 3.150 денари, или вкупно 153.750 денари или 2.500 евра поради тоа што умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус Ковид-19 кога влегувајќи во државата, на 16 март во 23:15 часот, по враќање од Германија која е прогласена за средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација и притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и не а не ја примил писмената наредба на Министерството за здравство. Лицето не било дома на 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци била направена контрола во неговиот дом во село Дебриште, Росоман, и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица.

Осудениот има право на приговор до судечкиот судија по што пресудата станува правосилна. Доколку осудениот не ја плати казната од 50 дневни глоби ќе оди на издржување казна затвор во времетраење од 50 дена./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново