Во Кавадарци започна изградбата на нова детска градинка
За 16 месеци ќе биде готова новата детска градинка чија изградба денеска започна во Кавадарци. Ќе се згрижат 150 деца, а со овој објект Кавадарци на подолг период го решава проблемот со недостатокот на слободни места.
„Ќе се изгради објект на две нивоа со 7 занимални на вкупна површина од 1145 м2. Ова детска градинка ќе има капацитет за 155 деца и се очекува изградбата да заврши за најмногу 16 месеци. Во овој проект општината инвестираше во земјишптето, а главен инвеститор е МТСП со 47 милиони денари“ рече на прес конференција градоначалникот Митко Јанчев, најавувајќи го стартот на изградбата.
Со изградбата на овој објект, како и со досегашните превземени активности на општината во доградба и проширување на постојните објекти, како и адаптирање на простор во селата за детски градинки, Општина Кавадарци, не само што ќе го надмине проблемот со недостиг на капацитети за прифаќање на деца во градинката, туки и ќе прмине во водечка општина во републиката со оптимално решение на значаен и горлив социјален проблем, дециден е Јанчев./А.Д