Оваа сезона само 30 грипозни лица во Кавадарци
Објавено на 15 јануари, 2020 во 12:37
Само 30 лица оваа сезона се заболени од грип, информираат од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Лани за истиот период имало 81 болен.
„Се очекува со стартот на второто полугодие во училиштата да започне грипот да се шири со поголем интензитет. Лани најголемиот дел од заболени се евидентирани во јануари и февруари“ вели д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.
На крај од минатата година во Кавадарци вакцина против грип примиле околу 900 лица, од кои 561 пациент бил вакциниран преку мој термин , а 247 лица се вакцинирани со комерцијални вакцини.