Млад кавадарчанец со убодна рана донесен во болница
Објавено на 3 јануари, 2020 во 08:24
Осумнаесет годишниот Ѓ.Ј од Кавадарци со убодна рана бил пренесен во кавадаречката болница, потврдуваат од МВР.
Случајот во полиција бил пријавен утринава во 05.45 часот.
„По првичните информации Ѓ.Ј., со повредата се здобил при прослава на Новогодишните празници во стан на ул. „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци“ велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ангел Данов