Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mojopstinarПроектот „Мој општинар“ кој за прв пат започна да се реализира во Кавадарци, пред две години, а беше дел од изборната програма на градоначалникот Митко Јанчев ги дава очекуваните резултати, посочи Јанчев на денешната прес конференција.

Тој нагласи дека иако на почетокот скептични за тоа дали овој проект ќе профункционира, биле многумина, сега после две години се покажало дека се надминати очекувањата.

Она на кое две години работиме и баравме начин е тоа овој проект да се вклопи во систематизацијата на општината како посебен сектор или одделение и денес ги добиваме посакуваните резлутати. Од денес „Мој општинар“ е во посебен сектор, односно сектор за техничко логистичка поддршка и мониторинг. Општинарите од „Мој општинар“ дејствуваат за сите потреби на граѓаните. Некогаш, зависно од проблемот, можат да го решат и тие самите според тоа кои им се ингеренциите, а некогаш преку специјална програма, го проследуваат проблемот до соодветно лице“ рече Јанчев и нагласи дека неговите очекувања се во иднина проектот да стане уште поуспешен  и неговото функционирање ќе биде неопходно за модерна и функционална општина.

На прес конференцијата беа претставени и новите униформи, донирани од компанијата „Метал Апостолов“, а беа нагласени и бројните проекти кои се реализирани преку „мој општинар“. За во иднина се најавија повеќе проекти од областа на екологијата./А.Д

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново