Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

jancev izjavaГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ги отфрла во целост шпекулациите дека преминува во СДСМ, откако синоќа беше гостин на трибината на оваа партија што се одржа во Кавадарци. Јанчев нагласува дека на трибината се појавил исклучиво како градоначалник за да слушне околу проектите за Кавадарци што треба да се реализираат со финансиска поддршка од државата.

„Бев присутен да ги слушнам нивните проекти и да видам дали нашите проекти се усогласени во делот со она што го предлагаат  и им го кажуваат на кавадарчани.  Кажаа дека ќе се прави граничниот премин, кажаа дека ќе се прави заобиколница. Единствена моја забелешка е што гасификацијата е задоцнета.  Бев да слушнам и што му се намерите за лозарите,  кога ќе се пуштат субвенции. Како градоначалник од тој аспект бев, од морални причини“ објаснува Јанчев.

Јанчев нагласува дека не ги дели луѓето по политичка ниту верска основа, туку единствено гледа да се обезбедат подобри проекти за општината која ја води во моментот.

„ Ако не бевме корпоративни и објективни во овие две години Кавадарци ќе беше како пред две години. Бидејќи немаме суети и его Кавадарци одите  и ќе оди напред. Кој како толкува и размислува. Јас размислувам баш вака дека треба да се соработува со секој релевантен фактор, по готово со владата и министрите за да општината оди напред,  а ако седиме дома и опструираме и кажуваме кој од која пол партија доаѓа  нема иднина“ додава Јанчев./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново