Саем за вон училишни активности во Кавадарци
Tриесетина спортски клубови, невладини организации и училишта денеска на градскиот плоштад ги покажаа своите активности и постигнати резулати. Преку саемот за вон училишни актиности што се одржува шеста година по ред, тие обезбедуваат нови членови. Организатор на саемот е Советот против малолетничко престапништво на град Кавадарци, а има за цел на учениците да им понуди корисен начин како да го минуваат своето слободно време преку спорт или други активности надвор од училиштето.
„ Саемот ќе го посетат околу 3000 ученици од прво до петто одделение. Тие со своите наставници и родители ќе можат да одберат свое катче и свое место каде ќе можат да го поминат своето слободно време. На индиректен начин да ги ангажираме да имаат помалку време за лошите пороци кои се почесто ги следат младите“ вели инспекторот за превенција во кавадаречката полиција и претседател на Советот против малолетничко претстапништво, Димитар Каракулев.
Каракулев најави дека постои можност во соработка со локалната самоуправа, саемот да биде составен дел на манифестацијата Тиквешки гроздобер, на почетокот на учебната година.
„ Саемот е одлична можност нашите најмлади да учествуваат во некаква активност надвор од училиштето, а тоа на некој начин да биде добро за нивни психофизички развој. Спортот и активноста ни е многу важна денеска кога компјутерите и телефоните се секојдневие на овие генерации“ вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев./А.Д