Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Mitko Janecev

Над 65.000 посетители за третата вечер од манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ и испиени над 25.000 литри вино. Ова е сублиматот од годинашната приказна под отворено небо што три дена се случуваше во Кавадарци.

Денеска на прес конференција градоначалникот, Митко Јанчев инфомрира дека и покрај големиот број гости во Кавадарци не е регистриран ниту еден инцидент.

„Кога во изминатата 2018 та година дојдовме до заклучок дека тоа беше најдобриот гроздобер до сега, можеби бевме скромни и не очекувавме дека најдоброто до сега ќе го надминеме толку брзо.  Три вечери, три сцени, различни жанрови на музика за сите вкусови. Вечерната програма уште подобра и поуспешна од минатата година. Спортски настани, уште една успешна изложба на олд тајмери, трка со келнери и уште многу други настани преку ден. Карневалското дефиле минатата година почна да го враќа својот сјај, годинава поголем број на карневалски групи, живописни и креативни идеи кои го збогатија дефилето низ кавадаречките улици. Сите кавадарчани и гости беа сведоци на приказната која се испишуваше под отворено небо. Огромен успех е фактот дека во вечерта која беше најпосетена, околу 65 000 поетители, не беше забележан ниту еден инцидент. Безбедноста на сите учесници и посетители на фестивалот беше на едно високо ниво, кое треба да ни биде пример за тоа како се работи во такви услови“ оцени Јанчев.

70591512 597147767756693 3134462807588732928 nТој нагласи дека Кавадарци се движи кон европските стандарди за организирање на манифестации. Месеци наназад се одржувале  состаноци за безбедност, хигиена, паркирање, сообраќајни проекти.

Градоначалникот смета дека вложените напори на крај биле оправдани со успешно организирана манифестација.  Тој упати благодарност до сите  покровители од бизнис секторот кои и оваа година несебично го поддржаа овој настан. Бројките на донации се уште се сумираат, нагласи Јанчев./А.Д

 

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново