Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

69695502 2498151370408909 8770243276205719552 nМанифестацијата во чест на грозјето и виното, Тиквешки гроздобер во Кавадарци започна. Бројни настани се на програмата за годинашната приказна под отворено небо.

Официјално гроздоберот започна со ретроспективна изложба на фотографии насловена „Тиквешки гроздобер“ 1965-1981.  Изложбата ја отвори градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, со што и официјално го означи стартот на гроздоберот.

70371249 2498092253748154 3486165619190005760 n
Автор на поставката на оваа изложба е Јадран Манчев. На истата се изложени 60 црно бели фотографии кои ги отсликуваат гроздоберските празнувања во Кавадарци низ годините на неговиот зенит.

Фотографиите се авторско дело на познатиот кавадаречки новинар и фото документарист Бранко Ивановски кој со објективот на неговиот фото апарат ги забележал значајните настани од историјата на Тиквечкиот гроздобер.

69888441 2498151300408916 1206679948098535424 nГлавната сцена на годинашниот „Тиквешки гроздобер“ синоќа беше резервирана за музички Тони Зен-Ди Џеј со неговоит сет, дуото „2 БОНА„ и „ТРАП СТЕЈШН“ .
Во „Паркот на револуцијата“  за гостите на Кавадарци кои преферираат добра староградска музика и скара натопена со вино и други пијалоци, настап имаа Марјан Коцев, Трио Мањифико и Галакси бенд.

69603730 2498116953745684 4622718651244478464 n

Денеска претпладне на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад повеќе делегации предводени од градоначалникот Митко Јанчев положија свежо цвеќе, по повод 75 години од ослободувањето на Кавадарци. Вечерва советот ќе одржи свечена седница на која ќе бидат доделени и седмо септемвриските награди и признанија.

Во центарот на Кавадарци претпладнево беше отворена изложбата на олд тајмери која привлече бројни посетители, а се одржа и натпревар во табла.

Вечерва на градскиот плоштад е настапот на Јелена Розга, а утревечер гроздоберот ќе финишира со концерт на Здравко Чолиќ.

А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново