Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

pozarLjubash fin

Пожарникарите од Кавадарци синоќа гаснеле пожар при силни грмотевици, во кој изгорел еден хектар борова шума. Територијалната противпожарна единица, на терен биле од околу 19 часот до еден час по полноќ.

-Пријавата за пожар во подножјето на ридот „Љубаш 2“ ја добивме додека во градот врнеше дожд, па мислевме дека дождовните капки ќе ни помогнат во совладувањето на пламените јазици. Но, на ридот што според кавадарчани, ги претставува белите дробови на градот, имаше само малку роса, па моравме да вложиме повеќе напори за да го совладаме огнот. Ни кажаа дека најверојатно во близина удрил гром, па се претпоставуваше дека тоа е причината за пожарот, рекоа од Противпожарната служба за МИА.

Огнот го гаснеле седум пожарникари со две противпожарни возила. На помош им дошле луѓе и возило од Дирекцијата за заштита и спасување, како и работници со две возила од подружницата на „Македонски шуми” од Кавадарци.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново