Се уништи нелегално оружје и дрога
Во печката на „Еуроникел индустри“ денеска изгореа 600 парчиња оружје и 400 килограми дрога кои биле запленети во изминатиот период. Акцијата ја реализираа МВР, Агенцијата за управување на одземен имот и кавадаречката компанија каде се изврши уништувањето, а по повод 9 јули, меѓународниот ден за уништување на оружјето.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој го следеше уништувањето нагласи дека МВР бележи зголемена ефикасност во откривањето на нелегалното поседување оружје и во трговијата со наркотични средства.
„Мора да истакнам дека трендот се зголемува во ефикасноста на македонската полиција во откривањето на нелегалното поседување оружје меѓутоа и со откривањето на трговија со наркотичните средства. 2018 година имаме зголемување на ефикасноста на македонската полиција за 43% во делот на откривањето на наркотични средства или тоа е најдобар учинок во последните 10 години. Со несмалено темпо продолжуваме сите заедно и во делот на организиран криминал и во секторите за внатрешни работи. Тој тренд продолжува и се зголемува .“ изјави Спасовски.
Тој се заблагодари на раководството на „Еуро никел“ за соработката во делот на спречување, сузбивање или уништување на наркотичните средства и оружјето, како што додаде, бидејќи тие претставуваат едни од најсериозните ризици и предизвици за граѓаните не само на земјава, туку и на регионално и глобално ниво.
Директоорт на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани рече дека после првото уништување на дрога во 2015 наредното било спроведено минатата година, а сега после 6 месеци се врши и второ уништување.
„Еуроникел“ располага со просторни и оперативни капацитети кои што се единствени од овој вид во земјава и преку отстапувањето на истите за потребите на државните органи ја потврдуваме својата функција и во доменот на одговорноста кон институциите и процесите што се од јавен интерес“ рече директорот на компанијата Герасим Кујунџиев./А.Д