Се реновираат фасадите на зградите во центарот на Кавадарци
Општина Кавадарци продолжува со отпочнатиот проект за реконструкција на фасадите на зградите кои се во централното градско подрчје, со што се менува и самиот лик во ценарот на градот. Со проектот се опфатени и колективните станбени згради, кои се утврдени како објекти од значење за Општина Кавадарци.
Во акцијата се опфатени вкупно 13 згради на кои ќе се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите – информираат од прес службата на општината.
Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Деновиве се одвиваат градежните работи на зградите бр.51, и бр.53, на ул.„7-ми Септември“. Во наредниот период ќе продолжи со градежни работи на зградите: бр.13, ул.„Браќа Хаџи-Тефови“, бр.2, ул.„Благој Крстиќ“, каки и на објектите: бр.1 на ул.„Фердо Росомански“, бр.2 (источна фасада), ул.„Тиквешко Востание“ бр.2, ул.„Илинденска“ бр.11 (Халк Банка), ул.„Илинденска“ – Водостопанство Тиквеш, ул.„Илинденска“ бр.32 (стара Палма), ул.„Илинденска“ бр.67 (Тутунска банка), а ќе се интервенира и на Општинската зграда, јужна фасада (заден дел).
Претходно целосно беше реконструирана зградата на домот на културата „Иван Мазов Климе“. Од општината нагласуваат дека при извршувањето на активностите, се спроведуваат неопходните мерки на препазливост за заштита на граѓаните.
За оваа намена општината ќе инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот на општината. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“./А.Д