Нов кружен тек – се проширува и „Западен булевар“ во Кавадарци
Два мошне значајни проекти за подобрување на патната инфраструктура и безбедноста во сообраќајот се реализираат во Кавадарци.
Капиталниот сообраќајно-комунален проект за проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“ , велат од локалната самоуправа ќе донесе современа сообраќајница, на влезот во Кавадарци од страната кон Росоман.
„Станува збор за изградба на целосно нова делница со вкупна широчина од 16 метри каде се гради коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.
Со овој проект практично се продолжува проширувањето на оваа значајна сообраќајниц од постојното решение со истите димензии од „Новата бензинска“ сега во должина од 1 километар во правец на Росоман“ информираат од општината.
Од денеска започна да се реализира проект за изградба на кружен тек кај винарската визба „Тиквеш“.
Овој четврти кружен тек во градот се наоѓа на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“. Новото сообраќајно решение ќе зафаќа површина од 3000м2, а ќе биде согласно стандардите со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување.
За реализација на овој капитален проект Општината Кавадарци ќе инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба, а градежните работи ги изведува оперативата на „Градба промет“./А.Д