Најмногу заболен од грип во Кавадарци од почетокот на сезоната
Нови 41 случаи на грип се регистрирани во Центарот за јавно здравје изминатава недела во Кавадарци. Ова е најголем број на заболени регистрирани за една недела од почетокот на сезоната.
Сепак тоа и не се конечни бројки бидејќи многу болни се лекуваат во домашни услови и лекарска помош бараат само доколку се појават компликации од грипот.
„Заклучно со последната недела, кога имаме и најмногу регистрирани болни од грип вкупниот број сезонава се искачи на 141 заболен од грип. Бројот не е алармантен но сепак, споредено со лани овој период имаме повеќе болни годинава. Лани имало само 62 болни во овој период“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемилог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.
И годинава најпогодена е возрасната група од 15 до 64 години./A.Д