Gradskosenzornagradina1

Во дворот на градинката и основното училиште „Даме Груев“ во Градско е отворена сензорна градина. Таа е прва од ваков вид во основно училиште во Македонија. Oваа градина е наменета за зголемување на сетилните вештини и психомоториката кај децата од предучилишна возраст па сé до периодот на адолесценција.

vardarkocilari fin

Жител на село Кочилари, велешко, претпладнево, недела 21 април, околу 10.00 часот пријавил во Секторот за внатрешни работи во Велес дека во водите на реката Вардар, во близина на селото, било пронајдено машко тело.

GradskoBesovskisoucenici fin1

Ќе има ли повеќе лулашки и забавни паркови, што општината ќе стори со бројот на бездомни кучиња и како ќе обезбеди поредовен превоз за своите граѓани се само три од десетиците прашања што денеска учениците од ООУ „Даме Груев“ му ги поставија на градоначалникот Роберт Бешовски. Најинтересен момент од посетата секако беше влегувањето во кабинетот на градоначалникот каде вниманието најмногу го привлече фотелјата во која седнаа сите а голем дел од учениците посакаа кога ке пораснат да бидат градоначалник на Градско.

timonie gradskoФранцускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние денеска ја имаше првата официјалн а работна посета на општина Градско. Околу еден час разговараа со градоначалникот на општината, Роберт Бешовски за можната соработка во повеќе области,  а воедно амбасадорот денеска ја имаше можноста да се запознае со општествено политичкиот и културниот живот на оваа општина.

Marsot fin

Со учество на 500 вљубеници во природата, најголем дел од нив планинари, денеска, сабота 10 февруари, се одржа еднодневното традиционално зимско искачување на врвот Клепа во општина Градско. Него не го пропушти амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Н.Е. Вилем Воутер Пломп. Сончевото време и температурата, што иако е зима наликуваше на време на рана пролет, придонесоа искачувањето да ја оствари целта, рече Градоначалникот Роберт Бешовски.

gradinka Gradsko

Градинката во Градско сега располага со повеќе простории. Таму беа изградени занимална, канцеларија за персоналот и трепезарија. Со оваа доградба се ствараат услови за прием на нови дечиња, вели градоначалникот Роберт Бешовски. Денеска во посета на општината беше амбасадорот на Полска Војциех Тицињски. Амбасадата додели грант за опремување на градинката.

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново