Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Beshovski fin

Општина Градско, по само две години од работата на актуелната локална власт, е извлечена од живиот песок, од долговите во кои беше заглавена до гуша, вработува и на нејзината територија се реализираат проекти од кои бенефит имаат сите граѓани. Вака го започна своето обраќање на свечената седница по повод Денот на Општина Градско, градоначалникот Роберт Бешовски.

Пред присутните гости и граѓани на локалната заедница, на одбележувањето на 23 годишнината од формирањето на општината беше презентиран видео материјал. Градоначалникот констатираше дека Општина Градско е на правт пат од мала и рурална општина да расне во локална заедница во која се утврдуваат граѓански приоритети и се остваруваат резултати кои се поттикнати од приоритетните потреби на жителите како во административниот центар така и во населените места.

- Денес сè што ветив, а и многу повеќе од тоа, е остварено. Она што морам да го споделам со Вас е фактот дека во новата 2020 година Општина Градско влегува со одблокирана сметка, без утужени долгови, но со големи планови. Излеговме од тунелот во кој не се гледаше зрак светлина.Од 700.000 евра наследен долг вративме 500.000 евра. Ние сме Општина која враќа стари долгови и гради како резултат на нови проекти. Знаеме дека не е лесно. После она што го направивме, што беше речиси и невозможно со блокирана сметка, од нас се очекува уште повеќе. И бидејќи сме луѓе од збор и го остваруваме ветеното убеден сум дека на почетокот на следната година ќе бидат завршени веќе започнатите проекти: Откупен центар за земјоделски производи и Реконструкција на локалниот пат Долно Чичево – Градско. Објект кој е под заштита на Заводот за културно наследство на територијата на општина Градско е Манастирот „Св.Архангел Михаил“. Но заради лошиот пристап, манастирот не е доволно посетен. Затоа вгодина ќе се доградат и останатите 1.300 метри од локалниот пат Горно Чичево –Манастир и хортикултурно ќе се уреди манастирскиот двор. Со благослов на неговото Високопреосвештенство Митрополитот повардарски Господин Агатангел ќе се гради Соборна црква во централното подрачје на Градско која ќе го носи името на Свети Апостол Павле, рече Бешовски.

Gradskosviraci fin

Градоначалникот додаде дека е отпочната постапката за реализација на важни проекти за развој на Градско како што се изработка на урбанистички планови за инфраструктурно уредување на Индустриска зона и зоната за домување.

- Секој инвеститор што ќе сака да ја искористи поволната положба на општина Градско за изградба на индустриски капацитет ќе наиде на многу поволни услови. Исто така и младите што ќе сакаат да го решат своето станбено прашање со зоната за домување ќе можат да го сторат тоа, додаде Бешовски.

Општина Градско како свој врверн приоритет за развој на туристичките потенцијали го одреди Езеро Подлес. Таму инвестициите ќе овозможат поврзување на летниковците на езерскиот брег со пристапни патеки, со поставување на урбана опрема – соларно осветлување, канти за отпадоци и ќе се гради и асфалтира главната улицата во селото Подлес со што ќе се направи лесно пристапна туристичката дестинација за љубителите на еколошки чиста и здрава средина, како од општината така и за сите добронамерни гости. Градоначалникот најави реализација на инфраструктурни проекти кои освен полесен пристап ќе ја подигнат на повисоко ниво здравствената состојба на граѓаните.

- Со изградбата на фекалната канализација во населба Градско стопанство во 2020 година, не решаваме само инфраструктурен туку и здравствен проблем, затоа што ќе се надминат потенцијалните извори на заразни болести. Следната година следи реализација и на проектот за проширување на гробиштата во Градско на четири катастарски парцели со што и вечното почивалиште на нашите сограѓани ќе биде достоинствено како што доликува на една современа урбана населба, рече Бешовски.

RobertPanceiDejan fin

Партнерството со бизнис заедницата и воспоставената добра соработка со компаниите кои работат во општината ,во изминатите две години, даде резулти со многу позитивни примери на донации и помош на општината.

- Ќе продолжиме да ги негуваме воспоставените добри односи со стопанствениците,чија покажана општествена одговорност, е од суштествено значење за граѓаните на општината. Во оваа прилика сакам да изразам благодарност на компанијата Дрекслермаер која го одобри нашето барање за изградба на две нови модерни автобуски постојки во централното подрачје на Градско што ќе се реализираат наредниот месец и донацијата на едно комби возило прилагодено за лица со посебни потреби на граѓанското здружение „Надеж“ од Градско. Од месец февруари 2020 година со ова возило многу ќе се подобри мобилноста на лицата со инвалидност и задоволување на нивните потреби како во општината така и во поголемите центри, рече Бешовски.

Besovski i Pavlevski fin

Градоначалникот, исто така, го најави проектот за разубавување на новоизграденото шеталиште спроти новиот отворен парк во центарот на Градско каде е предвидена изградба на модерна фонтана и поставување на уметничка инсталација од шарени чадори за што општината обезбеди финансиски средства.

Во 2020 година општината предвиде изградбата на улици и патишта и тоа во населбата Градско, улиците Илинденска, Панко Брашнаров и кракот од улицата Александар Македонски до бензиската пума. Ќе се градат улици и во населените места Ногаевци и Кочилари додека во Виничани крак на улица во центарот, мостот и патот до населба Лакитеи. До крајот на месец декември, годинава, повторно ќе започне со работа амбулантата во Виничани со почетно доаѓање на лекар двапати неделно.

- Во оваа пригода  сакам да известам дека општина Градско отпочна постапка за измена и дополна на Урбанистичкиот план на Градско за да овозможи влегување на нова инвестиција од страна во Агрокомбинатот „Вардар Градско“. Новиот пратнер ќе вложи 10 милиони евра за изградба на Биогасна централа за производство на електрична енергија со капацитет од 3 мегавати и воедно топлинска енергија, рече Бешовски.

opshtinagradsko1

Во врвните приоритети за наредната година Градоначалниот ја вброи и определената парцелата во паркот на Железничката станица каде е за изграпланирана изградба на Музејска зграда чии форма и лик ќе го имаат идејното решение на старата срушена железничка станица во Градско во 1944 година.

Gradsko nagradeni fin

Општината за најдобар просветен работник  годинава ја прогласи наставничката Милка Петкова, за најдобар студент Сара Рибарска, за најдобар ученик во средно училште Никола Трајановски и во основно училште Тамара Иванова. Благодарници добија Тони Илиќ и Дончо  Николовски крводартели со над сто крводарувања како и Благојка Климкарова, за посветен и долгогодишен просветен работник./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново