Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Robert Besovski fin

Од сопствените приходи, за една година, Општина Градско го намали долгот за 100 илјади евра и се спаси од банкрот. Со враќање на наследените долгови, општината, продолжува штом на нејзината жиро сметка Владата ги префрли доделените неповратни и наменски 221 илјади евра. Така ќе се преполови вкупниот наследен долг од 600 илјади евра, соопшти градоначалникот Роберт Бешовски.

- Најголем фокус по превземањето на функцијата посветив на враќањето на долговите на општината која беше на работ на банкрот со блокирана сметка. За да може да се развива едно населено место, да се градат патишта и улици, да се создаваат услови за развој на стопанството, да се привлечат инвеститори, основно е да се има урбанистички план. Овој клучен документ Градско до сега го немаше и не можеше да аплицира за добивање грантови и кредити. Затоа Градско со години стагнираше во развојот. И оние што сакаа да ни помогнат не можеа да го сторат тоа. Посветивме многу време и труд за оваа цел и конечно, овој состав на Советот на Општина Градско го донесе урбанистичкиот план. Сега граѓаните можат да ги дооформат дворните површини, да ги приклучат новите објекти на електрична мрежа за многу поефтина цена, општината може да издава градежни дозволи, да отуѓува градежно земјиште и да ја развива инфраструктурата, рече градоначалникот Бешовски.

Publika fin

Свечена седница по повод Денот на Општина Градско

Општината по донесувањето на ГУП-от ја започна изработката и на планската документација за оформување на индустриска зона. Имајќи ја предвид географската положба на општината, комуникациските врски со регионални и меѓународни патни мрежи и железничката пруга сега се очекуваат првите инвеститори, домашнии и странски, што ќе овозможи планирање на економскиот развој на Градско.

-Изработивме и аплицириавме два проекта во министерството за транспорт и врски за средства во висина до 300 илјади евра одобрени средства преку европска инвестициона банка и тоа за подобрување на водоснабдувањето за населба Градско - изградба на потисен цевковод од бунарот кај Улански мост до резервоарот за вода во Градско и изградба на нализациона мрежа за населба стопанство. Проектот за канализација е во фаза на консултации и ќе треба да направиме измена на проектната документација за да можиме да почниме напролет со реализација на овој проект многу важен за жителите на наслеба стопанство во Градско, рече Бешовски.

cicevo fin

Градоначалникот исто така соопшти дека општината конечно најде решение и за проблемот со недостаток на вода за пиење за населбата Градско.

-Направивме испитување и откривме добра локација за бушење за вода и обезбедивме средства во висина од 10 илјади евра во вид на донација. Локацијата се наоѓа над фармата на „Агрија“, покрај патот за село Чичево каде во непосредна близина ќе се спои и со цевководот кој води од село Горно Чичево до резервоарот во Градско. Исто така на крстопатот на патот за село Горно Чичево и Манастирот ќе се спојат цевководот од село Горно Чичево со цевководот за резервоарот за село Долно Чичево и таа вода ќе се користи само за двете населени места со што ќе го решиме проблемот со недостатокот на вода и за Долно Чичево. Со донацијата за бушење ќе се реализираат две бушотини, претходно споменатата за населба Градско и втората за село Водоврати, со што ќе го решиме и долгогодишен проблем со вода за пиење на житеелите од ова село, додаде Бешовски.

pred spomenik fin

Проектот бушење за населба Градско, е во фаза на реализација, агажирана е фирмата изведувач која го подготвува теренот и опремата за работа. Исто така во првата година од работата на Градоначалникот Бешовски изработена е техничка документација за изградба на улици за сите населени места во должина од 2.500 метри.

- Средствата ги обезбедивме од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа во висина од 345.904,00 ден. Изработивме техничка документација за изградба на канализациона мрежа за три населени места, Подлес, Горно и Долно Чичево за која обезбедивме средства од Министерство за животна средина во висина од 300.000 ден. Ќе споделам уште една убава вест за Општина Градско која се однесува на одлуката на Владата на РМ со која правото на сопственост на мотелот „Стоби“ кај Градско да го пренесе на Општина Градско. Општината веќе има заинтересирани инвеститори кои на овој простор ќе изградат современ комплекс со мотел, терминал, паркинг и објект за продажба на локални земјоделски производи, додаде Бешовски.

motelStobi fin

Стариот мотел „Стоби“ на излезот од населба Градско

Сега општината го очекува својот препород особено наменет за сопствените граѓани бидејќи остварувањето на придобивките како што се слевањето на средства во општинската каса ќе овозможат реализирање на инфраструктурни проекти, отворање на нови работни места, развој на транзитниот туризам или причини зошто почесто ќе треба да се посетува и престојува во Градско./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново