Кај Градско тешка сообраќајка-загина 58 годишен скопјанец
Објавено на 22 ноември, 2016 во 13:56
Педесет и осум годишен скопјанец, возач на камион, утрово го загуби животот во собраќајна несреќа на регионалниот пат Велес-Градско.
Несреќата се случила околу седум часот во близина на селото Ногаевци, кога директно се судриле две возила, товарно возило марка „цитроен берлинго“ со скопски регистарски таблички и влечно возило марка „сканиа“ со приклучно возило со кумановски регистраски таблички. Во несреќата на лице место загинал возачот на „берлингото“, а со тешки повреди се здобил сопатникот во товарното возило, на возраст од педесет и пет години.
Јавен обвинител и екипа на СВР Велес утрово направија увид на местото на несреќата, а дополнително ќе се утврдуваат причините за сообраќајката./Д.С