Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

demirkapija4

15.02.2021

Симболично, но достојно, со почитување на сите здравствени протоколи, вчера во Демир Капија беше одбележан празникот на лозарите и винарите Св. Трифун. Покрај снежното време и големиот студ се изврши традиционалното закројување, a беа доделени и наградите за победниците на натпреварот за најдобро домашно вино и домашна ракија.

Во организација на Општина Демир Капија, скромната манифестација по повод овој голем празник, се одржа во дворот на Музејот на Виното, каде од страна на свештено лице, претседавачот на советот Ивана Лазова, претставници од Општина Демир Kапија, како и наградените кои учествуваа во натпреварот за најдобро домашно вино и ракија се изврши закројување на виновата лоза.

demirkapija1

Потоа следуваше прогласувањето на победниците во натпреварот за најдобро домашно вино и ракија и доделување на наградите.

Оваа година во натпреварот за најдобро домашно вино наградите ги освоија:

1.Ристов Ристо

2.Ристовски Мики

3.Крстев Лалиќ-Летка

Во натпреварот за најдобра ракија наградите ги освоија:

1.Ѓорѓиев Дарко

2.Ѓорѓиев Лазар

3.Симитчиев Димитар

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново