Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kola

27.12.2020

Во ОВР - Неготино вечерва е пријавено дека маж исчезнал додека со џип се обидувал да помине надојдена река во демиркаписко Дрен, а по него во моментов трагаат над 20 полициски службеници, потврди за редакцијата на Дума.мк, Верољуб Додевски, портпарол на СВР-Велес.

Тој не можеше засега да даде повеќе детали, само кусо посочи дека полиција и јавен обвинител се наоѓаат на лице место.

Неофицијално, дознаваме дека во џипот се наоѓале уште две лица кои со возила на брза помош веднаш биле пренесени во болница. Исто така, дознаваме дека во потрагата се вклучени членови од ловџиското друштво од Неготино, како и повеќе други лица.

Потрагата по исчезнатото лице и покрај отежнатите околности, заради врнежливото време е во тек.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново