MarsFevruarskipohod3 fin

Традиционално по деветти пат, СПД „Зелен рај“ Велес го организира традиционалниот планинарски марш „Февруарски поход 2020“, што ќе се одржи во сабота, на 22 февруари година. Целта на манифестацијата е За да ги зачува вредностите на автентичниот февруарски поход што годинава, по вторпат, ќе се одржи по видоизменета патека. Поточно маршот ќе започне од железничка станица Гостиражни и ќе продолжи преку планинарскиот дом во село Стровија и богомилскиот тунел до Домот на пензионери во село Богомила.

Bogomila fin

Празникот Богојавление - Водици нѐ повикува да се очистиме од гревовите на денот кога водите во нашата земја се преобразуваат во свети води за да потсетат на денот кога Исус Христос се крштеваше во реката Јордан.

OJOGevgelija fin

Жител на Чашка е под истрага бидејќи пред два дена пијан се обидел да силува жена од селото Негорци, чија ќерка сакал да ја земе за жена. Тој и физички ја нападнал жената, а соседите успеале да ја одбранат.

CaskaAkcijanaslovna

Околу 200 вреќи со смет беа собрани во акција , како последна за годинава, на регионалниот пат од место викано „Пашин мост" до Долги Рид, потоа од Бусилски пат до Долги Рид и од населба Чашка до Долги рид. Еколошката акција се одржа во саботата на 28 декември 2019 година. Ја организираше Општина Чашка и во неа се вклучија општинската администрација, ЈПКД Тополка Чашка и Младинската работна бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ„Акцијаш ветерани“ од Велес. Еко акцијата заврши со засадување на дрвја во населба Чашка.

ToseAtanasoski fn

На еден од вкупно петте краци на улицата Кочо Рацин во Чашка се родил и живее Тоше Атанасовски. Тој не знае како е да се гази по асфалт. Досега својот живот го поминал газејќи од влезната порта директно во кал. Поројните дождови ја слевале водата од ридот во подрумите на неговиот и на домовите на соседите. Асфалтирањето на овој дел од улицата и изградбата на атмосферска канализација за него значи надеж за нов живот.

CaskazbratimuvanjeGoran naslovna

Размена на искуства поврзани со подготовка на апликации за грантови од пристапните фондови на Европска Унија и од ИПА програмата за преку гранична соработка , посета на Општина Чашка од страна на Градоначалникот на Општина Хаџидимово , Људмил Терзиев со дел од администрацијата од одделението за Локален економски развој како и размена на идеи, искуства и планови за развој на двете општини, во Северна Македонија и во Република Бугарија се конкретните чекори на двете општини по збратимувањето.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново