Под сомнение дека запалил автомобил во селото, жител на село Ореше заработи кривична пријава
24.10.2020
Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Велес вчера по наредба на судија на претходна постапка на Основен суд Велес извршиле претрес во домот на Ѓ.П. во село Ореше, велешко, поради сомнение за извршени три кривични дела.
Поточно за кривични дела: недозволено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали по член 396 и предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ.
При претресот во домот на осомничениот пронајдени биле предмети поврзани со истрагата, а лицето било приведено во Полициска станица Велес.
Против Ѓ.П. до ОЈО Велес е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност со опожарување на моторно возило „опел зафира“ на 3 мај, годинава во село Ореше.