(Видео) Двајца полициски службеници претепани на должност од дрвокрадци кај село Степанци
24.09.2020
Со дрвени палки, групата дрвокрадци, ги тепала полицајците кои ги пресретнале и се обиделе да ги легитимираат. Од здобиените удари двајца од вкупно петмината полицајци се потешко повредени.
кликни тука: Возило на Итна медицинска помош
Повикот за Итна помош во Здравн дом Велес е регистриран во 19: 53 часот, потврди портпаролката д-р Васе Панова Поп Стефанова. Тогаш кон Степанци, во придружба на полициска екипа од Велес, тргнале и медицинските лица.
Тие на лице место ги затекнале потешко повредените полицајци во лоша здравствена состојба. Првиот имал отворена повреда на главата, бил конфузен и вознемирен додека вториот поради удар со дрвена палка во стомак при транспортот кон Општа болница Велес му се влошила состојбата.
Полицајците се примени на Хирушко одделение во Општа болница Велес. Прегледани се од д-р Влатко Вишинов специјалист по хирушки болести кој поради оперативен зафат во моментов не успеавме да го контактираме за да даде подетални информации за здравствената состојба во која се наоѓаат повредените полициски службеници./У.Ј