Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

JosifDurcevskisam fin

14.05.2020

Нов кревет се изработува и веќе е обезбеден душек за седумдесет и две годишниот Јосиф Дурчевски од село Војница. Донатори купија нов фрижидер и обезбедено е мини електрично шпоретче. Добронамерни велешани подарија дел од регал во кој ќе може да се нареди гардеробата, меките работи како и садови за приготвување и послужување на храна. Донација во висина од 200 евра ќе стигне и од Ердован Етовски, по потекло од село Мелница кој сега со семејството живее и работи во Швајцарија, за потреба што приоритетно недостига за да се обезбеди похуман живот на болниот и немоќен Јосиф.

Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, кој веќе беше, разговараше и однесе хуманитарна помош, превзема постапки за да го реши проблемот со внесување на струја во собата на Дурчевски во село Војница. Се обидува да најде решение и за вода.

JosifDurcevskiiGoranStojanovski fin

-Ќе поставиме струјомер во објектот во сопственост на општината до кој е залепена собата што ја користи Јосиф за живеење. Приоритетно ќе пуштиме електричен кабел за да обезбедиме да има светло и два штека за да ги вклучиме шпоретчето и фрижидерот во кој ќе може да се чува храната затоа што температурите се покачуваат. Во исто време барам донатор кој ќе помогне со градежен материјал за да изградиме нова соба, со ниша и купатило со што ќе овозможиме овој наш сограѓанин да живее во похумани услови за живот. Верувам дека градежните фирми ќе се одзват на апелот за помош. Ќе се обидеме нашата акција да ја издигнеме и на национално ниво со цел побрзо да успееме да му создадеме подобри услови за живот на Јосиф, додаде Стојановски.

Црвениот Крст во Велес ја обезбеди наредната количина со храна како и пакет со хигиенски средства.

JosifDurcevskisobata fin

За сите што сакаат да донираат прехрамбени производи свој простор отстапи Евангелската црква и пастор Филип Иванов со кого може да се контактира на бројот 078 859 427. Кај хуманитарката Ленче Здравкин може да се однесат перница, навлаки, постелнина, јорган и кебиња. Со неа може да се контактира на телефонскиот број 078 423 401. На Јосиф можеме да му помогнеме и со облека,со машина за перење, со една маса, со две столици и тепих . Тоа се најнеопходните работи за неговиот дом. Тие можеби вам не ви се потребни но ќе бидат од корист кај Јосиф штом во акција што се договара се исфрли сметот и се исчисти собата во која тој засега живее сам, бидејќи нема семејство.

JosifDurcevskisoba fin

Помошта за Јосиф Дурчевски ја поттикнаа негови соседи во селото Војница, велешани кои имаат викендици, раскажувајќи за тешкиот самотнички живот што човекот го живее со децении.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново