Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

JosifDurcevskiiFilip fin

13.05.2020

Во наредните неколку дена седумдесет и две годишниот Јосиф Дурчевски од село Војница ќе има храна. Пакет со производи му однесе пастор Филип Иванов свештеник на Евангелската црква. И го изненади Јосиф со своето доаѓање. Тој не можеше да поверува дека некој му дошол на гости и му донел храна. Како добар домаќин му го отвори својот двор за разговор и починка од патот. Во трошната и несредена соба не можеше оти во неа има страшен неред. Иванов виде во какви услови живее тивкиот и повлечен човек кој во разговор му откри дека социјалната помош од 6.500 денари е премалку за да го преживее месецот.

-Без да се види со свои очи тешко може да се опише состојбата во која живее дедо Јосиф. Особено ме трогна мракот, животот без струја и вода. Болеста кила и уште неколку други за него се допонителен товар. Ние повторно ќе го посетиме по неколку дена. Евангелската црква ќе му купи на дедо Јосиф нови кревет и душек. Ги повикувам граѓаните во организирана акција да ги подарат техничките апарати како шпоретче со две рингли и рерна, чаршави, перница, ќебиња, постелнина, масичка со барем две столчиња, теписи и плакар. За другото ќе бараме донатори, додаде пастор Иванов.

JosifDurcevskihrana fin

Добронамерните и хумани луѓе ќе можат за Јосиф да оставаат храна што не се приготвува во просториите на Евангелската црква во Велес. Таа се наоѓа зад Авона. Доставата до село Војница ќе се прави на неколку дена. Штом олабават мерките од коронавирусот ќе се организира и акција за чистење и преуредување на просторот во собата во која живее Јосиф и дворот што го користи.

SobanaJosufDurcevski fin

Во акцијата за прибирање на техничи апарати , облека, постелнина и предмети за домаќинство се вклучи и хуманитарката Ленче Здравкин. Таа ќе ги координира активностите од овој дел. Сите добронамерни луѓе можат да и се јават неа на мобилен телефон 078 423 401 и да се договорат што можат да донираат.

JosifDurcevski fin

На Јосиф ќе му се помогне и со акција за расчистување на собата и дворот штом за тоа се создадат услови. Но сепак, најприоритетно е тој да добие струја и вода. Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски веќе зема обврска да обезбеди изградба на нова соба, до постоечката, за овој седумдесет и две годишен маж во село Војница. Да му го олесни животот и староста. Но дотогаш најважно е Јосиф да не остане гладен, жеден и без лекови./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново