Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ForumCaska3

Со цел за вклучување на граѓаните во процесот на одлучување, создавање и јакнење на капацитети на сите вклучени страни, подобрување на соработката, вмрежување и создавање на партнерства на локално ниво и подобрување на животот на граѓаните во заедницата, Локална самоуправа на Чашка во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, ја одржа втората од вкупно петте форумски сесии на кои присутните граѓани ги лоцираат проблемите во локалната средина што се однесуваат на социјална инклузија.

ForumCaska4

На втората форумска сесија беа понудени решенија преку презентација на концепти како што се „Реконструкција на куќа, куќи за лица со посебни потреби и за мали групни домови“, „Културен рекеративен центар“, „Изградба и реконструкција на спортски игралишта во населба Чашка,село Долно Јаболчиште и село Горно Јаболчиште“, „Информатички кабинети„ и „Заштитна ограда за безбедност на река Тополка, Горно Јаболчиште“. Овие концепти на следната форумска сесија, што ќе се одржи на крај на месец април 2020 година, ќе бидат презентирани и развиени во образец за проекти. 

ForumCaska1

Најмалку еден, а најмногу три проекти ќе бидат поддржани од проектниот фонд со кој располага форумот поточно 50.000 швајцарски франци преку проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Главна тема на интервенција на форумот е Социјална инклузија, вклучувајќи и поврзани теми со родова еднаквост, добро владеење и социјална инклузија и меѓуетничка соработка.

ForumCaska2

На досега одржаните две форумски сесии активно учество земаа претставници на јавните установи, основните училишта, здруженија на граѓани, месни заедници , жители од населените места Населба Чашка, Горно Врановци, Долно Јаболчиште, Горно Јаболчиште , Богомила и Стари Град.

Локалната самоуправа на Чашка упати апел за искористување на можноста од страна на граѓаните во општината за нивно вклучување во форумските сесии./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново