Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Prva fin

Трагедијата се случи вчера , 08 март 2020 година, кога исчезна деветгодишно девојче од село Бањица, Општина Чашка.

Ешуриме Беќирова исчезнала од домот околу 9 часот. Кога родителите откриле дека детето го нема пријавиле во полициската станица во Чашка и се организирала потрага. Полицијата и мештаните ја пребарале околината додека нуркачи биле ангажирани да го пребараат коритото на малата река со надојдена вода. Утрово, 9 март, околу 7 часот, телото на удавеното девојче било пронајдено и извадено од речното корито. Се претпоставува дека детето се лизнало и паднало.

Увид направи екипа на СВР Велес. Резултатите ќе треба да ги откријат причините за смртта на Ешуриме.

Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот фејсбук профил утрово напиша:


vtora fin

„После вчерашното исчезнување во с.Бањица околу 09 часот на малата десетгодишна Ешуриме Беќирова во надојдените матни води на мала река и вчерашното целодневно напорно пребарување, утрово е пронајдена под селото.
Голема загуба за граѓаните на општина Чашка,училиштето Тодор Јанев во нас.Чашка ,семејството Беќирови и сите нас.
Сочуство до семејството.“

По наредба на Јавен обвинител телото е предено на семејството./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново