Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

forumcaska1

Во рамки на сесијата учество зедоа претставници на Советот на општина Чашка, претставници на невладиниот сектор, месните заедници, младите и образованието.
Почетокот на првата сесија го означи Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

-Ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име како Градоначалник на Општина Чашка да ве поздравам и да го означам почетокот на првата форумска сесија од „Форумот на заедницата". Организирањето на овој форум е дел од втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети”, преку кој општината доби грант од 62 000 швајцарски франци во соработка со УНДП и Швајцарската развојна агенција. Форумот на заедницата е една од најкорисните алатки за успешно вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво и се организира со цел да се дефинираат приоритетите и потребите на граѓаните во повеќе сфери од секојдневното живеење во општината. За таа цел ќе имаат на располагање 50 000 швајцарски франци, додека пак преостанатите 12.000 ќе се искористат за општинскиот совет - изјави Градоначалникот Стојановски.

forum2

Темата на првата форумска сесија беше „Социјална инклузија“, преку која групи на граѓани ќе предложат и утврдат приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Чашка. Учесниците на формуските сесии ќе имаат можност да ги одредат приоритетите за социо-економскиот развој на општината како и активностите што можат да се спроведат за подобрување на состојбата во локалната заедница.
Форумската сесија се одржа во салата на ООУ „Тодор Јанев" во Чашка. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново