Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ToseAtanasoski fn

На еден од вкупно петте краци на улицата Кочо Рацин во Чашка се родил и живее Тоше Атанасовски. Тој не знае како е да се гази по асфалт. Досега својот живот го поминал газејќи од влезната порта директно во кал. Поројните дождови ја слевале водата од ридот во подрумите на неговиот и на домовите на соседите. Асфалтирањето на овој дел од улицата и изградбата на атмосферска канализација за него значи надеж за нов живот.

- Секако, сега атмосферската вода ќе се прибере во атмосферската канализацја и нема да имаме кал. За нас значи живот, рече Атанасовски.

Caskaulici fin

Општината преку проект ги обезбеди средствата од Програмата за рурален развој. Тие се од клучно значење за граѓаните, затоа што ќе обезбедат квалитетни услови за живот и ќе ја подобрат инфраструктурата, рече Градоначалникот Горан Стојановски .

- Овој проект е важен затоа што 40 отсто од населението на оваа општина живее токму во овој дел од општината. Освен овој проект кои тежи 15,1 милион денари во нашата општина ќе се реализира и уште еден проект а тоа е изградба на локален пат со поврзување на село Буслици и Војница со регионалниот пат Велес – Прилеп кој изнесува близу 20 милиони денари. Тој со градба ќе го почнеме веќе од наредната недела, додаде Стојановски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и неговиот заменик Авдул Селам Селами, направија увид на почетокот на градежните активности на улица Кочо Рацин.

Caska

- Во овој дел од Република Северна Македонија преку двата проекти кои ќе се реалиизраат се инвестираат вкупно 35,1 милион денари. Овој е историски проект бидејќи прв пат во 21- ви век на овие улици кои беа земјани и полни со кал се поставува асфалт и атмосферска канализација. Се решава за жал, егзистенцијален проблем во овој дел од земјава, додаде Бабовски.

Преку средства од Програмата за рурален развој низ држава започната е реализација на 200 проекти, во сите општини, со вкупна вредност од 38 милиони евра. Тие се дел од мерките на Владата за создавање поквалитетни услови за живот, запирање на одливот на млади луѓе како и за мотивирање на граѓаните за создавање на сопствени бизниси, отворање на работни места и развивање на малите рурални средини. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново