Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

GradonacalnikGoraninaCili fin

Економската зона што ќе ја гради Општина Чашка и руинираниот хотел во село Горно Врановци се двете првични проектни идеи кои го поттикнаа Градоначалникот на Општина Чили, во Република Турција , Селим Утку Ѓумручу со единаесетчлена делегација да пристигне во прва работна посета на Општина Чашка. Со него во Чашка, денеска, пристигнаа и заменик Градоначалникот , членови на Советот на општината Чили, бизнисмени и исселеници од селата Горно Врановци и Мелница кои сега живеат во Малтепе, Јени маале и Нергис, како најголеми населби во оваа турска општина.

SovetotnaCaska fin

Razgovorpredhotel fin

- Во Малтепе, Јени маале и Нергис, како населби на Општина Чили кои се дел од градот Измир, живеат над 40 илјади исселеници од двете македонски села во Општина Чашка, Горно Врановци и Мелница. Тие граѓани, кога се одселиле, во периодот од 1951 до 1958 година биле приморани да ги остават или продадат своите имоти, скоро и за без пари. Нивна желба е повторно да доаѓаат во родното огниште, во овој хотел, да се сместат, да ги донесат своите внуци и да престојуваат. Во хотелот е планирана и една мултимедијална соба во која потомците на исселениците ќе можат да видат од каде потекнуваат нивните дедовци и баби. Се надевам дека со мојот колега ќе ни успее идејата затоа што имаме позитивна енергија и поддршка од нашите исселеници, рече градоначалникот Стојановски.

TurskadelegacijapredhotelVranovci

- Општина Чили има 200 илјади жители и е дел од градот Измир. Ова е наша прва посета откако мојот колега Стојановски во неколку наврати не посети. Ги очекуваме презентациите на Општина Чашка за отворање на индустриска зона и за реконструкција на хотелот во Горно Врановци. Ќе ги пренесеме во нашата општина на бизнис секторот и се надеваме на позитивна реакција, рече Утку Ѓумручу .

sofra2

sofra1

Работната посета на турската делегација започна во Општина Чашка и продолжи во Горно Врановци. Локалните жители ги пречекаа гостите, на сред село, со традиционална софра за потоа да ги однесат на прошетка до зградата на поранешниот хотел и во историскиот комплекс составен од спомен собите на спомен куќата на Президиумот на АСНОМ.

Precek

Домаќини попладнево на турската делегација се и жителите на селото Мелница. Утре делегацијата ќе оствари средби со преставници на Владата на Република Северна Македонија, во сабота ќе ја посети спомен собата на Кемал Ататурк во Битола а потоа и ќе разгледа други градови низ државата.

Општина Чили и Општина Чашка се збратимија пролетва, во Република Турција, при посетата на градоначалникот Горан Стојановски. Тоа е прво збратимување на  Општина Чашка со општина од друга држава. /У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново