Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

DetskagradinkaCaska1

Дваесет деца, во комбинирана група, на клонот „Бамби“ на ЈУДГ „Димче Мирчев“ во Чашка престојуваат во потопли и еколошки почисти простории. Во зградата се поставени котел и ново централно греење на пелети што ги топли децата додека нив воспитувачките ги образуваат а негувателските ги негуваат. Инвестицијата чини 8.500 евра и е донација што Општина Чашка ја обезбеди од Амбасадата на Полска.

- Младината и децата се судбна и иднина за државите.Се радувам што ги подобривме условите во градинката. Децата тука ќе бидат радосни. Ним и на вработените сакам да им посакам многу успеси во работата, рече Амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски.

DetskagradinkaCaska4

Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, се заблагодари и го потенцираше дополнителен ефект од донацијата.

- Како што е редот, прво да се заблагодарам на амбасадата и Амбасадорот. Се надевам на нови соработки. Оваа инвестиција или донација ќе придонесе заштеда на финансиски средства кои ќе можат да се пренаменуваат и насочуваат за наредни, нови, потреби на децата од овој клон на детската градинка, рече Стојановски.

DetskagradinkaCaskaPARNO

Во населбата Чашка постојат родители кои сакаат да ги запишат своите деца во градинка. Последни кои дошле и се интересирале вчера биле две млади мајки. 

Дваесетте дечиња се почетна група која според зборовите на директорката на ЈУДГ „Димче Мирчев“, Ефтимија Карбева Лукарова има можности да се зголемува.

DetskagradinkaCaska2

- Ваквите донации, како денешната, овозможуваат подобрување на условите за престој на децата во градинка. Капацитетот на клонот овде во Чашка дозволува упис во градинка на нови дечиња.Вработените стојат на располагање. Полниот капацитет на овој клон би бил со прифатени педесет дечиња, додаде Карбева Лукарова.

Дечињата денеска со чоколадни бонбони и песнички го пречекаа Амбасадорот Тицињски и неговите соработници кои им поделија подароци составени од повеќе изданија на книги со сказни и бајки, прибори за пишување и боење како и боенка од која ќе можат да се запознаат со убавините на Република Полска.

DetskagradinkaCaskaKOTEL

Освен децата во градинката, бенефит од оваа донација, ќе имаат и сала за состаноци на Советот на Општина Чашка како и канцелариите на Центарот за социјални работи, Катастарот и на Матичната службата, бидејќи сите се наоѓаат во истата зграда која доби нов котел, цефки и радијатори. /У.Ј

 

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново