Сообраќајка на патот Велес – Извор во која најтешко повредено е четиригодишно дете
Сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобил марка „Фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од триесет и три годишниот Т.М. и теренско возило марка „Мицубиши Л-200“ со скопски регистарски ознаки, управувано од педесет и девет годишниот М.С. се случи денеска на регионалниот пат Велес – с.Извор.
Несреќата се случила околу 9 часот.
– Во неа се повредени возачот на патничкото возило и неговите сопатници триесет годишниот З.М. и четиригодишно дете. Истите се пренесени во Општа болница – Велес, а поради карактерот на повредите детето е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.
Според искази на очевидци на несреќата, кои со возило се враќале од трета смена од работа тие ги пренеле повредените во болницата во Велес и најтешко повредено било детето кое се здобило со сериозни повреди на левата рака. Бидејќи станувало збор за медицински персонал тие уште при транспортот од местото на несреќата до болницата во Велес се обидувале да го сопрат крварењето и да му пружат максимално стручна помош за да се спаси раката на четиригодишното дете, која била здробена од лактот надолу кон шаката.
Увид на местото на несреќата изврши екипа од СВР Велес. Инспекторите ќе ги утврдуваат причинте за несреќата./У.Ј