Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Преку Асоцијацијата за иновации во руралната економија – АИРЕ Скопје, Здружението за рурален развој Локална акциона група Вардар Леадер , Извидничкиот одред„ Димитар Влахов“ започна со имплементација на нов проект „ МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – НОСИТЕЛИ НА МЛАДИНСКИ РУРАЛЕН ТУРИЗАМ “.

Извидничкиот одред ќе работи на подготовка и организација на четиридневен камп за стекнување на работни вештини на млади во регионот на Велес, Чашка и Градско кој ќе се организира во Извидничкиот центар „ ГОЛОЗИНЦИ“, Општина Чашка.

Проектот има за цел задоволување на потребите од млади волонтери во Велес,Градско и Чашка, обука на 50 млади средношколци до 20 години во слободното време за можностите за развој на руралниот туризам, лобирање кај државните институции преку печатените и електронски медиуми за развој и промоција на младински прашања и младински политики кои придонесуваат во развојот на руралниот туризам

Проектот согласно временската рамка ќе заврши до 15 септември 2017 година кога се очекува да се остварат следниве резултати:

- институализација и развивање на методологија за создавање на форми на рурален еко-етно-рурален младински туризам

- зголемен и квалитетен интензитет на економски активности за млади (пчеларство, производство на ориз, плетење на кошници, грнчарство, собирање на лековити билки, сточарство и рибарство );

- намалување на невработеноста на млади до 20 години преку развивање на мали семејни бизниси или самовработување на млади

- институализација и развивање на методологија засоздавање на форми за дејствување на младинските волонтери во развојот на локалната заедница

- зголемен и квалитетен интензитет на волонтерски активности на младите

- обучени млади волонтери до 20 години кои што се оспособени за развивање и имплементација на младинскиот волонтеризам

- појава на активности за млади до 20 години и осовременување на постоечките младински активности, преку обучените извиднички водачи и

- зголемен и квалитетен интензитет на активности за млади и од млади.

Во овој период Извидничкиот одред „ Димитар Влахов“ врши промоција на проектот преку организирани ТВ и радио емисии се со цел да се запознаат младите и поттикнат да се вклучат во проектот како директни учесници.

Медиумската кампања е алатка за мотивација на младите од трите општини и овозможување за нивно вклучување во програмските активности на овој проект./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново