Многу е значајна соработката помеѓу локалните власти и граѓанските организации затоа што тие работат за граѓаните во локалната заедница. ЕУ е многу задоволна што го финансира проект: „Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамично граѓанско општество“ бидејќи претпочита проекти што нудат практични резултати за граѓаните во локалните заедници.

Уште еднаш се обединија жителите на Свети Николе во разубавување на градот и масовно излегоа на повеќе локации за да се вклучат во иницијативата „Мрдни со Прст“. Во вториот циклус на акцијата градот се разубавуваше нa четири локации СОУ „Кочо Рацин“, Плоштад „Илинден“, Црква „Свети Николај“ и ООУ „Кирил и Методиј“. Граѓаните практикувајќи го волонтерството ги уредија четирите простори и ги подобрија условите за живот во локалната заедница.

Со впишување на прекувремени работни часови Командирот на територијалната противпожарна единица во Свети Николе педесет и две годишниот З.Т. го оштетил буџетот на Општината со 5.232 евра или за 321.804 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(44) од Свети Николе за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“, против ДПТУ „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје, А.П.(54) од Скопје и С.Д.(55) од Штип, за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Организацијата на жени на Општина Свети Николе повторно започнува со размрдани прсти во циклусот на „Мрдни со Прст 2“. Активистките овој пат ќе ја подигaат свеста за правилно сортирање на електричниот и електронскиот отпад. Целта е преку оваа кампања да се едуцираат граѓаните во Свети Николе и во Лозово за правилно менаџирање на електричниот и електронскиот отпад, неговите штетни влијанија и законските регулативи и со тоа да си го заштитат сопственото здравје но и животната средина.

Илјада осумстотини деведесет и шест евидентирани граѓани на Општина Свети Николе од вкупно 14.878 во Единствениот Избирачки список гласале до 10 часот, соопшти Претседателот на ОИК Свети Николе, Јонче Стојанов. Тоа изнесува 13% од вкупниот број на избирачи. Светиниколци денеска, на шестите локални избори, гласаат на 34 избирачки места. Изборот за нов Градоначалник и за нов состав на Советот на општината го прават на две избирачки ливчиња на кои имаат двајца кандидати за Градоначалник и две листи со кандидати за Совет на општината.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново