Осомничен светиниколскиот командир на ТППЕ за злоупотреба на службена положба и овластување
Објавено на 20 февруари, 2018 во 16:47
Со впишување на прекувремени работни часови Командирот на територијалната противпожарна единица во Свети Николе педесет и две годишниот З.Т. го оштетил буџетот на Општината со 5.232 евра или за 321.804 денари.
Пријавениот како командир во месечните прегледи за остварени часови на вработените во Територијалната противпожарна единица Свети Николе, во периодот од август 2013 година до ноември 2017 година, лажно прикажал дека остварил 1.140 часови прекувремена работа.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе против З.Т поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. /У.Ј